Трамп: Берлинскиот ѕид беше симбол на неуспешниот социјализам

Американскиот претседател Доналд Трамп им го честиташе на Германците падот на Берлинскиот ѕид.

Тој во соопштението наведе деха храбрите мажи и жени од Источна и Западна Германија се соединија да го срушат ѕидот кој повеќе од дваесет и пет години стоел како „симбол на неуспешниот социјализам“.

„САД и нашите сојузници и партнерти остануваме цврсти во непоколебливата посветеност да ги унепредиме принципите на индивидуалните слободи кои потстикнуваа мир и донесуваа ненадминат просперитет“, навел Трамп, јави АП.

Во меѓувреме, активистите на германската невладина организација „Иницијатива за отворено општество“, одбележувајќи 30 години од падот на Берлинскиот ѕиуд, транспортираа дел од ѕидот тежок 2,7 тони до Белата куќа, пренесуваат германските медиуми.

Тие наведуваат дека тоа го сториле како знак на благодарност за земјата која помогна да се сруши ѕидот. На подарениот дел од ѕидот стои порака до претседателот Трамп во која, меѓу другото, стои: „Сакаме да ви дадеме еден од последните делови на пропаднатиот Берлински ѕид за да ја одбележиме посветеноста на САД за изградба на свет без ѕидови“.

Обезбедувањето на Белата куќа, меѓутоа, не дозволило „подарокот“ да биде внесен внатре.

Од организацијата информираат дека делот од ѕидот ќе биде префрлен на некоја локација во близина на границата, на пример на југот на Калифорнија.