Трамп бесен на Иран: Заканите скапо ќе ве чинат

LinkSense.mk

Претседателот на САД, Доналд Трамп го предупреди денеска иранскиот претседател Хасан Рохани дека ќе се соочи со сериозни последици заради заканата на Вашингтон.

Никогаш повеќе немојте да се заканувате на Америка затоа што ќе се соочите со последици какви што малкумина во историјата ги доживеале. Повеќе не сме земја која ќе ги прифаќа вашите пореметени пораки на насилства и смрт“, порача Трамп во твит напишан со големи букви.

Рохани вчера рече дека „Американците мораат добро да разберат дека мирот со Иран е мајка на светскиот мир и дека војната со Иран е мајка на сите војни“.

Иранскиот претседател го предупреди Трамп и да престане да се „игра со опашката на лавот“ и да не му се заканува на Иран и додаде дека САД „во спротивно ќе зажалат“.

Трамп на почетокот на годинава ги повлече САД од меѓународната нуклеарна спогодба на големите сили од Иран и ги заостри санкциите кон Техеран.