Трамп бесен на својот наследник: „Бајден ја понижи Америка!“

Поранешниот американски претседател, Доналд Трамп, порача дека поради катастрофата која се случи во Авганистан неговиот наследник, Џо Бајден, ги понижи Соединетите Американски Држави повеќе од кој било друг претседател во историјата.

Ова е ужасно време за нашата земја. Мислам дека сите овие години не сме биле толку многу понижени. Не знам како тоа да го наречете, воен пораз или психолошки пораз“, рече Трамп во синоќешната негова изјава за „Фолк њуз“.

Тој ја спореди ситуацијата со иранската бегалска криза во 1979 година и праша дали сегашната американска администрација со своите одлуки ќе предизвика полош развој на настаните, затоа што Талибанците со своите пунктови го опкружуваат меѓународниот аеродром во Кабул, а постојат извештаи за претепувања и друг вид на насилство.

Трамп истакна дека сцените забележани во текот на викендот, кога Авганистанците кои висеа на трупот на товарниот авион на војската на САД, а подоцна и настрадаа кога авионот почна да полетува, е поголемо понижување отколку евакуацијата на американската амбасада во Сајгон во 1975 година.

Поранешниот американски претседател рече и дека, во текот на минатогодишните преговори, го предупредил талибанскиот водач, Мула Абдул Гани Барадар, дека САД десет пати посилно ќе го возврати ударот ако некој Американец биде повреден или ако милитантните сили продрат во забранетите подрачја.

(Фото: АП)