Трамп отвори своја социјална мрежа

Тимот на поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, покрена нова социјална мрежа која се вика „Геттр“ (скратено од „Get together“ – „Да се собереме“).

На Гугл Плеј Стори, во описот на апликацијата, пишува дека „социјалната мрежа се заснова на принципите на слобода на говор и независно мислење“.

Понатаму се наведува дека е направена заради борба против „културата на откажување и политичка цензура“ и се истакнува дека нејзината цел е „спречување на монополот на социјалните мрежи“.

Апликацијата „Геттр“ нуди можност за објава на видео-снимки во траење од по три минути, додека текстуалните објави можат да бидат до 777 карактери.

Според податоците од „Продавницата на Гугл“, апликацијата до сега е превземена повеќе од 100.000 пати.

На чело на оваа социјална мрежа се наоѓа поранешниот портпарол на Трамп, Џејсон Милер, а сеуште не се знае дали Трамп ќе пишува на неа, односно дали ќе направи „Геттр профил“.

Милер во интервју за „Дејли Бист“ рече дека на почетокот за развојот на апликацијата пари вложила и фондацијата на кинескиот милијардер Гу Венгуи.

Гу Венгуи е критичар на кинеските власти, а за него во Кина дури е распишана и потерница заради корупција.

Трамп се свртува кон „алтернативни платформи“ затоа што му е забранет пристапо на речиси сите социјални мрежи.

Фејсбук профилот му е угасен после нередот на Капитол, и забрането му е правење на налог на таа мрежа и Инстаграм.

Твитер, исто така, го избриша профилот на Трамп заради, како што наведоа, „ризикот од понатамошно поттикнување на насилството“. И Јутјуб му го суспендираше каналот, од исти причини.

На поранешниот американски претседател му се забранети уште и Дискорд, Редит, Снепчет, Твич и Пинтерест, сите од иста причина, наводно заради повикување на насилство и говор на омраза, како и ширење на дезинформации.