Трамп собира пари за избори: За 250.000 долари добивате вечера со него, а за 5.000 само да го видите од далеку

LinkSense.mk

Поимотните поддржувачи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп можат за 250.000 долари да закажат вечера со него, а собраните пари треба да се вложат во неговата кандидатура за претседателските избори, пишува Гардијан.

Акцијата за собирање средства, наречена „Форум на кандидати за враќање на Конгресот“, е закажана за 23 февруари на имотот на Трамп, Мар-а-Лаго, во Палм Бич на Флорида, се наведува во текстот на британскиот весник.

Супер ПАЦ“ – организацијата на Трамп која собира пари за неговата кандидатура – испрати покани до сите потенцијално заинтересирани.

Иако на настанот ќе присуствуваат републиканските кандидати за Конгресот, собраните пари ќе бидат искористени исклучиво за „Супер ПАЦ“, пишува Гардијан.

За 250.000 долари (125.000 по лице) сопружниците можат да закажат приватна вечера со Трамп, да се фотографираат со него и можност да останат две ноќи на имотот Мар-а-Лаго.

За 100.000 долари добиваат фотографирање со Трамп, но ќе вечераат со кандидатите за Конгресот, а не со поранешниот претседател.

За 50.000 долари, пак, гостите ќе добијат вечера, но нема да има слики со Трамп туку само со кандидатите.

Најниската цена е 5.000 долари, за што ќе добијат само присуство на вечерата, но не на најдобрите маси.