Трамп: Тие се обидуваат да ги украдат изборите, голема победа за нас

Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека неговите противници се обидуваат да ги „украдат изборите“, иако тој не понуди доказ и нагласи дека наскоро ќе одржи говор.

„Ние сме ГОЛЕМИ, но тие се обидуваат да ги УКРАДАТ изборите. Никогаш нема да им дозволиме да го сторат тоа. Гласовите не можат да бидат дадени по затворањето на избирачките места!“ , објави Трамп на Твитер, по период од неколку часовно молчење на социјалните мрежи.

„Вечерва ќе дадам изјава вечерва. Голема ПОБЕДА!” наведе тој во вториот твит.