Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Трамп ја обвини Русија за мешање во изборите, Кремљ експресно возврати

јули 17, 2026

Во гостиварската болница дури 1.200 граѓани, меѓу кои и деца, побарале помош, биле со повраќање, диареја и температура

јули 17, 2026

Најмалку 20 ученици загинаа при превртување автобус во Уганда

јули 17, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Трамп ја обвини Русија за мешање во изборите, Кремљ експресно возврати
  • Во гостиварската болница дури 1.200 граѓани, меѓу кои и деца, побарале помош, биле со повраќање, диареја и температура
  • Најмалку 20 ученици загинаа при превртување автобус во Уганда
  • Кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати, до 21 октомври е продолжена
  • Жешкиот бран продолжува, викендов сонце и температури до 40 степени
  • „Чет-ГПТ“ е повторно достапен на „Ватсап“ во ЕУ
  • АХВ: Потврдени 10 нови жаришта на сипаници кај овци и кози, заболени се над 2.700 животни
  • Мерц: И натаму стојам зад предлогот за придружно членство на Украина и Западен Балкан во ЕУ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Трамп ја обвини Русија за мешање во изборите, Кремљ експресно возврати
СВЕТ

Трамп ја обвини Русија за мешање во изборите, Кремљ експресно возврати

јули 17, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Кремљ ги отфрли обвинувањата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Русија претставува закана за изборниот процес во САД, оценувајќи дека тие се темелат на непроверени информации од американските разузнавачки служби.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Трамп се повикува на „неидентификувани и непотврдени информации“ и потсети дека, според него, американските истраги не утврдиле дека Москва влијаела врз изборите во САД.

„Сите истраги што ги спроведоа американските власти заклучија дека Русија на никаков начин не влијаела врз изборите во Соединетите Американски Држави“, изјави Песков, пренесе руската агенција РИА Новости.

Неговата реакција следува откако Белата куќа објави документи од кои е симната ознаката за тајност, а кои се однесуваат на можни странски влијанија врз американскиот изборен процес, безбедносните слабости на изборниот систем и претходни процени на американските разузнавачки служби.

Според Белата куќа, документите укажуваат на ранливости во изборната инфраструктура пред претстојните избори за Конгресот, но нивното објавување нема цел повторно да ги оспорува резултатите од претходните избори, туку да придонесе за подобра заштита на изборниот процес.

Во документите, како што пренесува Си-Ен-Ен, се наведува дека американските разузнавачки служби процениле дека Русија, Кина, Иран и Северна Кореја поседуваат капацитети за пристап до одредени изборни бази на податоци, како што се централизираните регистри на избирачи.

Во исто време, претходните американски разузнавачки процени, како и извештајот на Сенатскиот комитет за разузнавање, наведуваат дека не се пронајдени докази за промена на гласовите, манипулација со гласачките машини или директно влијание врз резултатите од изборите.

Сепак, во процената од 2017 година се наведува дека Русија спровела кампања за влијание за време на претседателските избори во 2016 година, додека во анализата за изборите во 2020 година се оценува дека Москва се обидувала да му наштети на угледот на тогашниот кандидат Џозеф Бајден и да му даде поддршка на Доналд Трамп, без докази дека бил изменет изборниот резултат.

актуелно избори Кремљ мешање обвинување русија Трамп
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во гостиварската болница дури 1.200 граѓани, меѓу кои и деца, побарале помош, биле со повраќање, диареја и температура

јули 17, 2026

Најмалку 20 ученици загинаа при превртување автобус во Уганда

јули 17, 2026

Кризната состојба поради ризици во снабдувањето со нафта и нафтени деривати, до 21 октомври е продолжена

јули 17, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.