Трансфер бомба во најава: Левандовски доаѓа во Реал

Од доаѓањето на Кристијано Роналдо, Реал нема во своите редови најдобар фудбалер на светот, но тоа би можело да се смени веќе ова лето.

Како што најавува мадридски „Ас“, претседателот на шпанскиот гигант Флорентино Перес ќе се обиде да го донесе Роберт Левандовски (32), официјално најдобриот играч на планетата.

Полскиот голгетер неодамна изјави дека е подготвен за нови предизвици, дека би сакал да запознае нови култури, така што опцијата со Реал во тој поглед најмногу му одговара.

Од друга страна, мадриѓаните ги сакаат и Ерлинг Халанд и Килијан Мбапе, но поради фактот дека тоа се поскапи опции, Левандовски би можел неочекувано да го облече белиот дрес.