Тревога во Париз: Експлодира писмо–бомба во ММФ

Во седиштето на Меѓународниот монетарен фонд и Светска банка во Париз, Авенија Јен 66, дојде до експлозија во која најмалку едно лице е повредено.

Експлозијата се случила по отворањето на писмо – бомба.

Повреден е млад службеник од ММФ, кој го отворил писмото. Тој се здобил со повреди на лицето и раката.

Според информациите повредениот службеник не е лицето кому му било упатено писмото.

Од зградата „од претпазливост“ се евакуирани 150 лица.

Инцидентот се случи еден ден откако пратка со експлозив му беше испратена на германскиот министер за финансии Волфранг Шојбле за што денес одговорноста ја превзеде грчката анархистичка група „Завера на огнени ќелии“.