Триесетдневен притвор за Мухамед Зекири

LinkSense.mk

Судија на претходна постапка го прифати предлогот на Јавното обвинителство и на генералниот секретар на Владата, Мухамед Зекири, му определи мерка притвор во траење од 30 дена.

Постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка притвор против едно лице за кое постојат основани сомненија за сторено кривично дело – Злоупотреба на службена положба и овластување, судија на претходна постапка по произнесување на надлежниот обвинител и осомничениот во присуство на неговиот бранител во однос на предлогот, а притоа ценејќи ги сите факти приложени во предлогот, донесе решение со кое го прифати предлогот и на осомничениот му определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т. 1,2 и 3 од ЗКП, се вели во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Зекири се сомничи дека во периодот од април 2021 година до јануари 2022 година, со искористување на службената положба, без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице, во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани. Со преземените дејствија, осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, на штета на Буџетот на Македонија, износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги.

Одбраната на Зекири, кој вчера по сомневањата дека ја злоупотребил службената положба поднесе неотповиклива оставка, најави жалба на решението за притвор, за

ради како што наведуваат адвокатите, непостоење на докази дека осомничениот ќе избега од државата и нема да биде достапен на органите на прогонот, како што смета Обвинителството.