Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки

ноември 12, 2026

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

ноември 12, 2026

Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт

ноември 12, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Со инстант лозот „Макси златна рипка“ до макси добивки
  • Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин
  • Денеска променливо облачно, утре силен јужен ветер над 80 км/ч, за викендот пресврт
  • Левица: ВМРО -ДПМНЕ мести свои луѓе да го надгледуваат прислушувањето
  • СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта – банката на Вучиќ
  • Денес во САД ќе бидат извршени две смртни казни – во Тексас и во Оклахома.
  • Зеленски вчера пристигна во Даблин по преговорите во Абу Даби: Најави можност за договор пред 2027 година
  • Нови правила за патување во Европа од 2027
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Трошоците за храна и комуналии колку просечната нето плата
Економија

Трошоците за храна и комуналии колку просечната нето плата

декември 20, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Граѓаните кои земаат просечна нето плата не можат да ги задоволат основните потреби во текот на месецот. Најголем дел од платата оди за храна, пијалоци и за сметки така што остануваат многу малку пари за да се помине месецот и да се дочека новата плата.

Последните податоци објавени од Државниот завод за статистика покажуваат дека во септември просечната нето плата изнесувала 24.355 денари, а според Сојузот на синдикати на Македонија вредноста на минималната потрошувачка кошничка во истиот месец е поголема за околу 8.000 денари и изнесува 32.493 денари. Синдикатот пресметал дека на едно семејство за купување на храна и пијалоци му се потребни минимум 13.486 денари месечно, а за сметките за комуналии 10.412 денари што значи дека само за храна и за комуналии се трошат минимум 23.898 денари што е приближно колку просечната нето плата.

„Работникот ако ја прима просечната плата, која е исплатена во државата во септември и која според последниот податок на ДЗС е во износ од 24.355 денари, со неа ќе може да се подмират 74,96 проценти од најнеопходните потреби на неговото четиричлено семејство. За да ја обезбеди вкупната вредност на производите и услугите вклучени во пресметката на кошницата му недостигаат 33,41 процент од просечната плата – односно номинален износ од 8.137 денари, велат од Сојузот на синдикати на Македонија.

Тоа значи дека купувањето на облека, обувки и културните активности стануваат луксуз за просечниот Македонец бидејќи само за храна и комуналии троши месечно околу 75 проценти од платата, а му недостигаат уште 33 проценти за да ги задоволи основните месечни потреби. Пресметката на ССМ покажува дека минимум за облека и обувки месечно на едно четиричелно семејство му се потребни 2.136 денари колку што чини еден пар добри чевли, а за одење во театар, кино или на концерт минимум треба да одвои 1.070 денари.

Според пресметките, уште потешко е за оние кои земаат минимална плата од 12.165 денари бидејќи тие можат да покријат само 37,38 проценти од трошоците пресметани со минималната потрошувачка кошница во ноември која изнесува 32.545 денари.

Голем јаз меѓу платите во Македонија, разлика од најмалку една просечна плата

Иако, просечната плата во Македонија се движи околу 24 илјади денари, сепак има голема разлика во просечните плати што ги земаат вработените на пример во информатичко-телекомуникацискиот сектор и оние кои работат во текстилните фабрики. Разликата е огромна – околу 24 илјади денари или колку една просечна плата.

Статистиката покажува дека компјутерските програмери земаат плата од 61.821 денар, а оние кои работат во телекомуникацискиот сектор 40.883 денари, додека еден работник во текстилна фабрика заработува 15.261 денар, а во кожарската индустрија 14.447 денари.

Со високи плати се и вработените во финансискиот сектор каде просечната плата е 40.140 денари и вработените во енергетиката чии просечни плати се движат околу 38 илјади денари.

Ниско платени професии се производството на мебел, растителното и животинско производство, рибарството и аквакултурата, трговијата на мало и градежните работници.

Од Бизнис конфедерацијата на Македонија велат дека во однос на минималната и просечната плата, дефинитивно се покажало дека работниците не се задоволни и оти треба да се направат напори низ преговарање и со Владата и меѓу работодавачите за покревање на платата на работниците, особено во трудоинтензивните дејности, но и во индустријата и стопанството.

Претседателот на Бизнис конфедерацијата Миле Бошков во изјава за МИА вели дека очигледно ова на долг рок влијаело дури и врз одлуките на граѓаните да ја напуштат државата и да бараат подобра егзистенција надвор од Македонија.

„Ние треба да бидеме свесни како бизнис заедница дека ако доволно ја притискаме третата страна, односно Владата во однос на намалување на парафискалните трошоци, подобрување на бизнис климата, транспарентното трошење на јавните пари и суштинското и системско функционирање на сите јавни функции, тогаш ќе почне да се враќа довербата во системот и ќе почне да се работи и да се живее тука, нагласува Бошков.

дзс комуналии пари Плата храна
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Македонија има најскап гас во Европа според куповната моќ

ноември 12, 2026

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ

ноември 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.