Труби и тапани во нишкиот затвор

Згрмеа труби вчера зад решетките на казнено поправниот завод во кој трубачите од оркестарот на Дејан Јевџиќ, троен освојувач на Гуча и мајстор на трубата, направија концерт за околу 400 осуденици.

Прво била отсвирена химната на Србија, а после тоа виртуозите на дувачки инструменти од Пожега, продолжиле да ги изведуваат познатите трубачки бравури.

Ечело зад ѕидините на нишкиот затвор од „Калашњиков“, „Пукни зоро“, „Ѓурѓевдан“ како и бројни познати трубачки нумери и ора…

zatvor-nis-2

Осудениците слушале седејќи на столици, а поедини, кои не можеле да се воздржат, понесени од меракот станувале и се веселеле.

Еден од осудениците се качил на бината и таму ги покажал неговите завидни танцувачки способности, бодрен со овации од затворските другари.

Неговото играње будно од страна го следеле десетина чувари.

zatvor-nis