Турска опозициска телевизија затворена по 26 дена

Турската приватна Телевизија Олај, што застапуваше прокурдски опозициски ставови соопшти дека е принудена да затвори, за помалку од еден месец од почетокот на
емитувањето на програма.

ТВ Олај, чиј мнозински сопственик беше бизнисменот и поранешен министер Џавит Џаглар, почна да емитува програма на 30 ноември.

Затворањето на телевизијата беше објавено вчера во директен пренос.

Џаглар изјави дека одлучи да го повлече својот капитал поради несогласување со уредувачката политика, додека дел од новинарите тврдат дека Џаглар се повлекол под притисок на власта.