Турција: Осман Кавала останува во затвор

LinkSense.mk

Турскиот суд денеска донесе одлука дека филантропот Осман Кавала останува во затвор, откако четири години проведе во притвор без донесена пресуда.

Кавала е приведен во октомври 2017 година и затворен заради обвинение дека се обиде со сила да ја сруши владата, пренесе Ројтерс.

Критичарите тврдат дека случајот е политички монтиран.