Турскиот суд изрече затворски казни во траење и до 10 години за повеќе новинари поради поврзаност со неуспешниот воен пуч во јули 2016 година.
Против триесет новинари и менаџери во сега затврениот весник Заман, сметан за медиум на Фетула Ѓулен кој се наоѓа во САД, судскиот процес е покренат два месеца по обидот за државен удар.
Анкара го обвинува Ѓулен, кој своевремено во 1999 година заминал во егзил во САД, за поттикнување на државниот удар.
Тој го отфрла секое обвинение за вмешаност во настанот.
Денеска судот ги осуди новинарите Сахин Алпај и Алија Булач на осум години и девет месеци затвор заради „членство во терористичка организација“, а Мумтазер Турконе и Мустафа Унал осудени се на 10 години и шест месеци затвор.
Новинарите ги отфрлија обвиненијата како неосновани.
После 20 месеци во затвор, Алпај во март годинава беше пуштен во куќен притвор откако турскиот Уставен суд два пати пресуди дека неговите права биле прекршени додека бил во притвор и побара негово пуштање.
Турските власти затворија и формално обвинија за поврзаност со државниот удар 77.000 лица, соопшти министерот за внатрешни работи во март.
После неуспешниот пуч затворени се 130 медиуми.
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тврди дека некои новинари ги поддржувале терористите со своето пишување и вели дека пресметката со нив била преку потребна за да се осигура стабилноста во Турција.
Критичарите се со став дека Ердоган со таа пресметка настојува да ја уништи опозицијата и уште повеќе да ја засили својата контрола над власта.







