Турција се подготвува за напад на Сирија!?

LinkSense.mk

Турската армија се подготвува да изведе две воени операции во Сирија, пишува денеска новинската агенција РИА повикувајќи се на извор од сириската опозиција.

Вооружените сили се ставени во состојба на целосна подготвеност, по наредба од Анкара“, изјавил изворот.

Тој појаснил дека единиците се распоредени во провинцијата Идлиб, во пооделни населби во областа на градовите Мари и Азаз, на северот на Алепо, како и во близина на аеродромот Миниг во Манбиџ. Исто така, единици има и на границите на провинциите Камишли и Хасака.

Како што се наведува во текстот, Анкара подготвувала две операции кои ќе бидат изведени во исто време – една како поддрѓка на џихадистите кои ги контролира Турција во провинцијата Идлиб, а другата на североистокот на Сирија против курдските Сириски демократски сили.

Агенцијата РИА пишува дека и понатаму не е јасно кога ќе почнат дејствијата, иако наведува дека тоа ќе се случи после состанокот на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, и неговиот американски колега Џо Бајден.