Уапсени основачите на компанијата „Мосак Фонсека“

Основачите на адвокатската фирма за регистрирање офшор компании „Мосак Фонсека“, вмешани во минатогодишниот скандал кога протекоа илјадници доверливи документи за офшор фирми, уапсени се во Панама.

Апсењата се поврзани со друг корупциски скандал за подмитување во кое е вмешана бразилска градежна компанија.

Рамон Фонсека Мора и Јирген Мосак, партнери во адвокатската компанија „Мосак Фонсека“ се приведени на дводневно сослушување.

Полицијата ги пребарала нивните канцеларии. Тие се осомничени дека отвориле офшор компании преку кои бразилската фирма плаќала поткуп.

Против адвокатите ќе биде подигнато обвинение за перење пари.

Ќелниците на бразилската градежна компанија признале дека платиле над 800 милиони евра ширум Јужна Америка.

Меѓународниот конзорциум на истражувачки новинари, германскиот весник „Зидојче цајтунг“ и повеќе од 100 организации ширум светот минатата година дојдоа во посед на 11,5 милиони документи кои протекоа од фирмата „Мосак Фонсека“.