Уапсен еден исламист заради експлозијата во Дортмунд, вториот во бегство

Германската полиција уапси еден од двајцата осомничени за нападот на автобусот кој ги превезуваше играчите на фудбалскиот клуб Борусија од Дортмунд, изјави главната обвинителка Фрауке Келе.

Таа потврдила дека истрагата се обидува да разоткрие можна „терористичка врска“, пренесе АФП.

„Двајца осомничени од исламистички спектар се наоѓаат во фокусот на истрагата. Становите на двајцата се претресени и еден од нив е задржан во притвор, посочила Келе.