Уапсен кавадарчанец заради поседување кокаин

Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, денеска во Кавадарци го лишиле од слобода 34-годишниот кавадарчанец Н.А., кај кого при претрес бил пронајден кокаин, кој имал намера да го продава, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Во координација со ОЈО Кавадарци против Н.А. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава за извршено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик, информираа од МВР.

Во тек е истрага заради евентуална вмешаност и на други лица во случајов.