Уапсен турски државјанин баран со меѓународна потерница

На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ на влез во државата е приведен 52-годишен турски државјанин кој се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“ по барање на МВР – Интерпол.

„На 1 август 2021 во 11 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на влез во државата, по извршена проверка на А.К.(52) од Република Турција било констатирано дека се наоѓа во оперативната евиденција со мерка „апси“ по барање на МВР– Интерпол“, соопшти МВР.

Тој бил приведен и предаден на полициски службеници од Полициската станица Аеродром за понатамошна постапка.