Воената коалиција предводена од силите на САД соопшти дека го ликвидирала главниот човек којшто се занимавал со транфлер на пари за екстремистичката Исламска држава.
Во соопштението се наведува дека Фаваз Мухамед Џубаир ал Рави е убиен во воздушен напад изведен на 16 јуни во градот Абу Камал, во близина на ирачката граница.
Ал Рави поседувал менувачница во Абу Камал, која ја користел, со помош на глобална мрежа на финансиски контакти, за префрлање на милиони долари од и на територијата која ја контролира ИД во име на таа екстремистичка група.
Во декември 2016 година американскиот трезор воведе санкции за Ал Рави и неговата компанија.







