Убиен градоначалникот на Боговиње

Градоначалникот на Општина Боговиње, Хазби Идризи, им подлегна на повредите откако утринава по вербална расправија негов поранешен пријател шест пати стрелал во него.

Убиството го извршил педесет и тригодишниот Хазби Ќани, вработен во општината, во кафетерија во Боговиње.

Веднаш потоа Ќани се обидел да се самоубие истрелувајќи си куршум в глава.

Ќани е пренесен во болница и е во животна опасност.

Полицијата спроведува истрага заради утврдување на причините што довеле до инцидентот.

Неофицијално, повод за убиството е отказното решение што го неодамна го добил Ќани.

Според информациите од МВР, на настанот му претходела вербална расправија меѓу градоначалникот Идризи и Ќани.