Угостители спасиле редок јастог

LinkSense.mk

Необичен настан се случил во ресторан на Флорида (САД), каде што вработените навреме забележале и спасиле исклучително редок јастог.

Имено, портокаловиот јастог во природата се јавува еднаш на 30 милиони единки. Кога вработените во ресторанот „Red Lobster“ („Црвен јастог“) ја добиле нарачката, забележале дека еден од раковите има малку посветла боја… Јастогот, којшто угоститетлите го нарекле Чедар, пристигнал од рибарски брод што ловел во северниот дел на Атлантикот.

Вообичаено, кога рибарите ќе забележат портокалов јастог, ги фрлаат назад во морето, но овој „се протнал“ некако, коментираат од ресторанот.

Ресторанот го донираше Чедар на аквариумот „Рипли“ во Миртл Бич, Јужна Каролина, САД – неговото ново живеалиште.