УЕФА го укинува правилото за гол во гости

Комисијата за клупски натпреварувања на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) препорача укинување на правилото за гол во гости во европските натпреварувања.

За препораката да стане правосилна потребно е да добие поддршка од мнозинството членови на Извршниот одбор на УЕФА.

Правилото, според кое, гол постигнат на гостински терен вреди повеќе од гол постигнат на домашен терен е на сила во европските клупски натпреварувања од 1965 година.