Едно лице загина откако заврши во запален мотор од авион на амстердамскиот аеродром „Шипхол“, соопшти вчеравечер холандската авиокомпанија „КЛМ“.
Холандската воена полиција на платформата „X“ објави дека спроведува истрага за несреќата.
„Истрагата сè уште не откри кое е лицето што загина“, изјави портпаролот на воената полиција за Ројтерс и напомена дека е рано да се каже дали се работи за несреќа или самоубиство.
Авионот веќе се движел кон пистата подготвувајќи се за полетување кога била откриен „дефект на моторот“.
Портпаролот рече дека сите патници и членови на екипажот безбедно го напуштиле авионот.
Фирмата „КЛМ“, која е дел од „Франс-КЛМ“, исто така, извести дека го истражува случајот.
(Фото: Николас Економу / Нурфото – АФП)