Узбекистан денеска избира претседател

Во Узбекистан денес се одржуваат претседателски избори, на кои граѓаните избираат меѓу четворица кандидати, меѓу кои е и актуелниот вршител на должноста шеф на државата, во исто време и премиер, Шавкат Мирзијојев.

Изборите се распишани веднаш откако претходниот претседател на таа земја, Ислам Каримов, почина на 2 септември, потсетува агенцијата Тасс.

Шавкат Мирзијојев, актуелен вршител на должноста шеф на државата и, во исто време,  премиер, новимиран од страна на Движењето на претприемачи и деловни луѓе и Либералнодемократската партија на Узбекистан
Шавкат Мирзијојев, актуелен вршител на должноста шеф на државата и, во исто време, премиер, новимиран од страна на Движењето на претприемачи и деловни луѓе и Либералнодемократската партија на Узбекистан

Покрај Мирзијојев, новимиран од страна на Движењето на претприемачи и деловни луѓе и Либералнодемократската партија на Узбекистан, кандидати за нов претседател се лидерите на трите останати официјално регистрирани политички здуженија во државата.

Едниот е Котамјон Кетмонов од Народната демократска партија на Узбекистан, вториот е Сарвар Отамуратов, од Демократската партија на националното оживување, и третиот е Наримон Умаров од Демократската партија за социјална правда.

Во склад со законот, изборите ќе бидат прогласени за важечки ако на нив излезат најлаку 33 проценти од вкупниот број на гласачи.

Победник е кандидатот кој ќе обезбеди повеќе од 50 отсто од гласовите.

Новоизбраниот претседател ќе ја превземе должноста „не подоцна од два месеца откако Централната изборна комисија ќе ги објави резултатите од изборот“.

Мандатот на претседателот на Узбекистан трае пет години.