Украина обвинува: Русите гранатираат центри за дистрибуција на помош

LinkSense.mk

Руските сили во нападот извршен утринава погодија центар за дистрибуција на помош во југоисточниот украински град Орихив.Гувернерот на регионот, Олександр Старух, вели дека загинал еден доброволец, а две лица се ранети.

Старух не сакаше дополнително да коментира за нападот на Орихив, кој се наоѓа на околу 110 километри од нуклеарната централа Запорожје.

Нуклеарната централа последниве неколку дена беше цел на напади во кои речиси беа погодени реакторите, а уништен беше резервоар за нуклеарен отпад.

Русија и Украина меѓусебно се обвинуваат за нападите.

„Руските терористи гранатираат центри за дистрибуција на хуманитарна помош и продолжуваат да уценуваат дека ќе ги уништат нуклеарните електрани. Тоа е очајна тактика на губитниците“, напиша шефот на кабинетот на украинскиот претседател Андриј Јермак на Телеграм.

„На секоја нивна акција, Украина  ќе одговари со противакција“, додаде тој.

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: ЕПА)