Украински пратеник: Руските поморски сили ја гранатираат периферијата на Одеса

LinkSense.mk

Првпат од почетокот на војната, руските поморски сили почнаа да ја гранатираат периферијата на црноморското пристаниште Одеса за да го оневозможат пристапот на украинската војска до морето, јави Би-Би-Си.

Според Олексиј Гончаренко, украински пратеник од Одеса, бидејќи руската армија не можела да дојде до копното, почнала да бомбардира станбените области за да обезбеди психолошка предност.

„Сфаќаме дека Одеса е очигледно стратешка цел на оваа војна, но руската војска не може да стигне до копното, нашата армија ги држи позициите, така што (рускиот претседател Владимир Путин) почна со бомбардирање насекаде во Украина, бомбардирање, тој едноставно гаѓа станбени области. Има стотици странски новинари во Киев и некои во Одеса, кои видоа дека се бомбардираат станбени области, без воени цели, вели Гончаренко.

Според него, Русите планираат копнена операција против Одеса, бидејќи на нивните бродови може да се видат многу маринци.

„Мислам дека идејата е да се нападне Одеса од неколку правци, оцени тој.

 

МИА