Украина отвори седум хуманитарни коридори, вклучително и еден од Мариупол, во време кога пристигнуваат информации дека руските војници зазеле делови од градот.
Украинците најавија дека три колони бегалци заминуваат откако е договорен привремен прекин на огнот.
Сепак, други извештаи зборуваат за воздушни напади во Мариупол, кои вчера го зафатија и породилиштето.
Руските трупи окупираа и некои урбани области.
Полската гранична полиција соопшти дека 1,43 милиони бегалци пристигнале во Полска од почетокот на руската инвазија на Украина.
Вчера границата ја минале околу 117.000 луѓе.