„Уличарите“ ќе поднесат тужба против Груевски

LinkSense.mk

По социјалните мрежи се објавуваат фотогарфии од голем број на активисти што сведочат за нивните активности во Шарената револуција.

Групата на граѓански активисти, учесници во протестите на Шарената револуција ќе поднесат тужба против лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски постојано расте. Во моментов, повеќе од 1.200 активисти се дел од Фејсбук групата наречена „Тужители“.

Новинарот Томислав Кежаровски, по вчерашната прес конференција на Груевски, објави дека ќе поднесе тужба, бидејќи лидерот на ВМРО-ДПМНЕ го нарекол „уличар“ и „послушник на Заев“.

Кежаровски истакна дека членовите на групата ќе одберат адвокат кој како нивен правен застапник ќе поднесе тужба за клевета и навреда.

Тој побара да го поддржат и останатите заинтересирани граѓан(к)и кои беа дел од неколкумесечните протести на Шарената револуција, што имаа за цел паѓање на режимот предводен од Груевски и враќање на владеењето на правдата.

По социјалните мрежи голем број на активисти објавуваат фотографии што сведочат за нивните активности во Шарената револуција, потенцирајќи дека се горди што се „уличари“.