Умоболен маж со нож нападна патници во воз во Германија

LinkSense.mk

Маж на возраст од 27 години избол со нож четири лица во воз во Германија. Напаѓачот, според информации од полицијата, жртвите ги нападнал „по случаен избор“ и покажувал знаци на ментално заболување.

Полицијата и истражителите им изјавија на новинарите дека намерите на напаѓачот не се јасни, но дека нема знаци дека се работи за тероризам.

Користејќи нож со должина на сечивото од осум милиметри осомничениот прво се нафрлил на дваесет и шестгодишен маж кој добил повреди на главата. Потоа нападнал шеесетгодишен маж кого го повредил на главата и во стомакот и уште еден шеесетгодишник. Тогаш побегнал во друг вагон и се нафрлил на 39-годишник кому му задал неколку убоди во горниот дел од телото. Четирите жртви се од Регенсбург и Пасау.

Полицијата соопшти дека осомничениот, државјанин на Сирија, во Германија дошол во 2014 година, а азил добил во 2016 година. Живеел во местото Пасау. Истражителите истакнуваат дека, според првите сознанија, се работи за лице со ментални пореметувања.

Возот запрел во местото Зиберсдорф, меѓу Регенсбург и Нирнберг и полицијата го уапсила осомничениот кој при приведувањето не пружал отпор.

 

 

 

(Фото: ЕПА)