Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Унгарски нуркачи ќе ги бараат исчезнатите во несреќата во Дунав
Во Фокусот

Унгарски нуркачи ќе ги бараат исчезнатите во несреќата во Дунав

мај 31, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Унгарските власти планираат да испратат нуркачи во Дунав за да ги пронајдат 19 јужнокорејски туристи и уште две други лица, кои се сметаат за исчезнати по несреќата, откако туристички брод потона во таа река.

Неименуван функционер од Министерството за надворешни работи на Јужна Кореја изјави дека нуркачите од Унгарската противтерористичка единица веројатно денеска ќе ја почнат потрегата по телата на исчезнатите лица. Крајбрежната стража на Унгарија, исто така, ја пребраува реката и со помош на хеликоптери и со скенери.

Бродот со јужнокорејски туристи во средата навечер се судри со друг брод на Дунав, во близина на унгарскиот Парламент и потоа потона во реката, надојдена од обилните врнежи и каде има многу силни струи. Досега се пронајдени телата седум лица, а 21 се сметаат за исчезнати.

Унгарската полиција вчера поради небрежност го уапси капетанот на крузерот кој го потопи туристичкиот брод. Крузерот Викинг Сигин, долг 135 метри, со 95 соби удри во туристичкиот брод „Серена“ и го потопи.

Швајцарската компанија која е сопственик на пловечкиот хотел потврди дека во несреќата учествувал нивниот крузер, прецизирајќи дека меѓу нивните патници нема повредени.

Капетанот е 64-годишен украински државјанин идентификуван како Ц.Јури од Одеса, а уапсен е поради немарност во управување во воден сообраќај што довело до масовна загуба на човечки животи, соопшти полицијата.

Унгарската служба за спасување претходно соопшти дека се мали шансите за пронаоѓање на уште преживеани после судирот на два брода во Дунав, во центарот на Будимпешта, во кој загинаа седум лица, а 21 се водат како исчезнати.

„Повеќе би рекол дека нема надеж, отколку дека има мали шанси за пронаоѓање преживеани, изјави за државната телевизија М1 портпаролот на Унгарската национална амбулантна служба Пал Ѓорфи.

Едно шестгодишно девојче е една од седумте туристи од Јужна Кореја кои загинаа во судирот на двата брода на Дунав во Будимпешта. На туристичкиот брод имало и двајца членови на екипаж од Унгарија.

Ниту еден од туристите на бродот не носел елек за спасување, соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи.

Откако бил удрен од крузерот, бродот прво почнал да се полни со вода, а потоа се превртел и потонал за многу кусо време, додека во Будимпешта беснеела силна бура.

Локалните медиуми јавија дека остатоци од бродот Сирена се пронајдени во коритото на реката по неколку часа пребарување во близина на мостот Маргарет, еден од главните мостови кои ги поврзуваат двата дела на унгарскиот главен град.

Дунав исчезнати несреќа нуркачи
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Протести што ја потресоа Франција: Макрон ја отфрли оставката на министерката за внатрешни работи

октомври 19, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

Локалните власти во Истанбул поради вчерашните обилни дождови наредија затварање на училиштата

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.