Услови за користење

Обврски на корисниците при користење на порталот и услугите

На корисниците на Актуелно.мк не им е дозволено:

а) објавување, испраќање и размена на содржини кои ги кршат постоечките македонски и/или меѓународни закони, содржини кои се навредливи, вулгарни, порнографски, расистички, шовинистички, заканувачки или е штетен на било кој друг начин;

б) објавување, испраќање, размена и пренесување на информации за кои посетителите знаат или претпоставуваат дека се лажни, а чие користење би можело да им нанесе штета на другите корисници;

в) лажно претставување во име на друго правно или физичко лице;

г) манипулирање со информациите со цел прикривање на потекло на содржините кои се објавуваат или испраќаат преку услугите на Кајгана;

д) објавување, испраќање и размена на содржини кои се заштитени со авторски права;

ѓ) oбјавување, испраќање и размена на несакани содржини на корисниците без нивна согласност или барање, како што се промотивни материјали, рекламни пораки, „спам“, верижни писма, лажни наоди или тврдења.

е) свесно објавување и размена на содржини кои содржат компјутерски вируси или слични злонамерни компјутерски датотеки или програми со цел уништување или ограничување на работата на било кој компјутерски софтвер и/или хардвер и телекомуникациска опрема;

ж) собирање, чување и објавување на лични податоци на други корисници

Актуелно.мк го задржува правото да ги отстрани содржините за кои смета дека не одговараат на овие Услови за користење, како и да ги укине корисничките налози на регистрираните корисници без претходна најава во случај на недозволено користење, односно при повреда на овие Услови за користење.

Со прифаќање на овие Услови за користење, корисникот прифаќа и согласен е дека услугите и содржините на Актуелно.мк ќе вклучуваат реклами, разни известувања, пораки од администраторите и слични пораки од Актуелно.мк за редовно известување на посетителите/корисниците на порталот и нормално функционирање на сите услуги и содржини на порталот Актуелно.мк

Авторски права

Содржините објавени на порталот на Актуелно.мк се состојат од сопствени содржини, содржини од партнери/извори/автори кои се користат со нивна дозвола и прес/промотивни материјали наменети за слободна употреба во медиумите. Содржините на порталот и услугите се заштитени со авторски права. Менувањето, позајмувањето, продажбата или дистрибуцијата на таквите содржини се можни само со претходна писмена дозвола од Актуелно.мк или сопствениците на содржините кои Актуелно.мк ги објавува со дозвола од партнерите и други издавачи. Содржините, податоците и информациите објавени на Кајгана може да се користат само за индивидуални потреби на корисниците и на нивна сопствена одговорност со почитување на авторските и сопственичките права и правата на трети лица.

Доколку корисникот смета дека дошло до повреда на авторските права на порталот, должен е да го извести Актуелно.мк на mk.aktuelno@gmail.com

Линкови кон други интернет страници

Актуелно.мк содржи линкови кон надворешни страници кои кога е можно ќе се означуваат како такви. Актуелно.мк нема надзор кон податоците, информациите и останатите содржини на надворешните интернет страници кои водат надвор од сопствениот портал и во целост се одрекува од секаква одговорност поврзана со содржините на интернет страниците креирани од страна на трети лица.

Содржини од огласувачите

Актуелно.мк не е одговорен за содржината на страниците на огласувачите на порталот, ниту за било каква штета настаната од рекламирање на порталот на Актуелно.мк

Заштита на приватноста и личните податоци

Актуелно.мк се обврзува дека ќе ја почитува анонимноста и приватноста на своите корисници и посетители на порталот. Актуелно.мк може да собира лични податоци од корисниците/посетителите само со нивна согласност. Наведените податоци ќе се користат со цел информирање на корисниците, подобар увид и разбирање на потребите на корисниците на Актуелно.мк, како и развивање на што поквалитетни услуги. Актуелно.мк под ниту еден услов овие податоци нема да ги направи достапни на трета страна, освен во случај кога таква обврска е регулирана со закон.

При вашата посета на порталот Актуелно.мк серверот автоматски ја бележи IP адресата на корисникот на сајтот, детали за интернет прелистувачот кој го користите, оперативниот систем на вашиот компјутер, а собира информации и за времето на посета. Ваквите информации ни овозможуваат статистика за посетеноста на нашиот портал, а крајната цел е анализа на најпопуларните содржини меѓу публиката со која ќе овозможиме подобри услуги и содржини за нашите корисници.

Актуелно.мк се обврзува дека на најдобар можен начин ќе ги заштити овие податоци, но Актуелно.мк не може да одговара доколку таквите информации бидат украдени од нашите сервери, нивна злоупотреба, во случај на неовластен упад во нашиот систем или други незаконски активности на корисниците.

Промена на содржините на порталот и услугите

Актуелно.мк го задржува правото на промена, отстранување (привремено или трајно) на било која содржина на порталот и услугите без обврска за претходна најава. Актуелно.мк не е одговорна за било каква штета настаната од овие промени.

Промена на Условите за користење

Актуелно.мк го задржува правото на промена на Условите на користење во било кое време и нема да биде одговорна за можни последици кои произлегле од такви промени. Промените стапуваат на сила со објавување на порталот или услугите на Актуелно.мк