Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Уставен повторно ќе одлучува за одредбите од Изборниот законик за државното финансирање на партиите
Македонија

Уставен повторно ќе одлучува за одредбите од Изборниот законик за државното финансирање на партиите

септември 23, 20260
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Уставниот суд на седницата одржана на 8 јули не донесе одлука во однос на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Изборниот законик, поднесена од Левица и партијата Демократи. Поради недоволно мнозинство гласови при гласањето, овој предмет останува отворен и во фаза на гласање

„Уставниот суд треба да одговори на конкретно уставно прашање: дали е дозволено изборните правила селективно да создаваат нееднакви услови за политички натпревар. Одговорот на ова прашање нема да биде важен само за Левица, туку и за тоа какви правила ќе важат за секој политички субјект што утре ќе се најде во истата положба“, велат од Левица која е подносител на иницијативата со која се оспоруваат дел од одредбите во Изборниот законик

Денеска Уставниот суд повторно ќе расправа и ќе одлучува по иницијативата на политичката партија Левица за уставноста на одредбите од Изборниот законик поради кои партијата беше исклучена од платеното политичко рекламирање на последните локални избори што се одржаа минатата година.

Влезот во делот од зградата каде се наоѓаат просториите на Уставниот суд на Република Северна Македонија / Фото: Архива

Во писмено соопштение, од партијата потсетуваат дека на седницата одржана на почетокот на јули годинава, Уставниот суд не обезбеди мнозинство за да донесе одлука, поради што предметот остана отворен.

Оттогаш, наведуваат од Левица, поминаа повеќе од два месеци, што според нив е доволно време случајот повторно да се разгледа, аргументите да се прочитаа и да се утврди дали навистина постои уставно оправдување за правило со кое, според нив, една парламентарна партија е ставена во нерамноправна положба.

Во меѓувреме, како што наведуваат од партијата, променет е составот на Уставниот суд.

„По оставката на Гоце Наумовски, на негово место е избрана Мери Дика Георгиевска, предложена од Судскиот совет и поддржана од владејачкото мнозинство предводено од ДПМНЕ. Така, денес за истото прашање повторно ќе гласа изменет состав на Судот. Се надеваме дека времето поминато од јулската седница било доволно за спорната норма да се согледа од нејзината суштина, а не од политичката удобност што ја создава“,се вели во соопштението од партијата.

Според Левица прашањето е едноставно. Од партијата сметаат дека членови од Изборниот законик создале ситуација во која Левица како парламентарна партија не можеше да го користи платеното политичко рекламирање на телевизии, радија, интернет-портали и билборди, додека таквата можност им беше достапна на останатите политички субјекти.

„Кога на еден политички субјект му се затвора медиумскиот простор што на другите им е отворен, прашањето неизбежно станува прашање на политички плурализам и еднаквост во изборниот натпревар“,велат од партијата.

На седница што се одржа на почетокот на јули, како што наведуваат од Левица, дел од уставните судии го отвориле токму ова прашање – дали еднаквоста на политичките субјекти може да остане само декларативна ако законодавството создава различни услови за нивниот настап пред граѓаните.

Наспроти тоа, како што пишуваат од партијата, беа слушнати и аргументи за правни празнини, политички договори и надлежноста на Собранието да ги поправи спорните одредби. Но, според партијата, ако нормата е спротивна на Уставот, фактот дека политичкиот систем се навикнал на неа не може да биде алиби за нејзино зачувување.

Оттаму велат дека особено е тенденциозно ова прашање постојано да се сведува на пари, посочувајќи притоа на примерот со нивниот кандидат за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ.

„Амар Мециновиќ на локалните избори во 2025 година имаше нула денари платено политичко рекламирање, па сепак влезе во вториот круг за градоначалник на Скопје. Значи, спорот не е околу тоа колку средства ќе добие Левица, туку зошто на Левица со закон ѝ беше затворен пристапот до рекламниот простор што им беше достапен на политичките конкуренти“,наведуваат од партијата.

Според Левица, откако предметот бил изваден од фиока и еднаш веќе бил оставен без одлука, сега веќе нема простор за дополнително одлужување на одлуката, што, како што велат, би се правдало со правни празнини и полтички калкулации.

„Уставниот суд треба да одговори на конкретно уставно прашање: дали е дозволено изборните правила селективно да создаваат нееднакви услови за политички натпревар. Одговорот на ова прашање нема да биде важен само за Левица, туку и за тоа какви правила ќе важат за секој политички субјект што утре ќе се најде во истата положба“,велат од парламентарната политичка партија.

Уставниот суд на седницата одржана на 8 јули не донесе одлука во однос на иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Изборниот законик, поднесена од Левица и партијата Демократи. Поради недоволно мнозинство гласови при гласањето, овој предмет останува отворен и во фаза на гласање, информираа тогаш од Уставен.

За време на расправата, уставните судии имаа различни мислења – дел од аргументите беа во насока на поведување постапка за оспорените членови од Изборниот законик, додека дел од судиите беа на став дека претходно во 2023 година веќе одлучувале и се имаат произнесено за истите одредби.

Во иницијативата се оспорени членовите 75-ѓ став 1 и 12, алинеја 1 и 2, 76-д став 5 алинеја1 и 2, и 78-а став 4 алинеја 1 и 2 од Изборниот законик.

Оспорените одредби од Изборниот законик, според подносителите, промовираат дискриминаторски пристап од аспект на достапноста на медиумскиот простор и распределување на јавните финансиски средства за платено политичко рекламирање.

Tолкувањето на Изборниот законик, како што се наведува во иницијативата, предвидува сите регистрирани партии кои се јавуваат како учесници во изборниот процес, без оглед дали се парламентарни или вонпарламентарни, да добијат соодветна и пропорционална државна поддршка и медиумски простор за претставување на граѓаните. Притоа, термините „може” и „најмногу”, како што вели, не смеат да се толкуваат буквално рестриктивно, туку во согласност со целта на Законот.

Подносителот тврди и дека во практиката произволно се толкува и двете најголеми партии од позиција и опозиција добиваат најмногу време, на штета на останатите помали партии, со што на овој начин четирите најголеми партии – по две од власта и две од опозицијата, добиваат привилегиран пристап до медиумите и државните средства, а останатите парламентарни партии се потполно исклучени, се наведува во иницијативата.

актуелно законик изборник партии ставен суд финансирање
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.