Утре без струја делови на Ѓорче Петров, Сопиште, Карпош и Студеничани

– Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од општините Ѓорче Петров, Сопиште, Карпош и Студеничани, информираат од РЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Браќа Чакреви“ од бр. 1 до бр. 15, ул. „Христо Батанџиев“ од бр. 56 до бр. 79 и корисниците од ул. „Депа Кајова“ од бр. 1 до бр. 28, Општина Ѓорче Петров.

Во перидот од 08:30 до 10:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул. „1“ бр. 11 во село Горно Соње, Општина Сопиште.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без електрилна енергија ќе останат корисниците од дел од селата Волково, Никиштани и Орман и фирмите „Асфалтна база Гранит“, „ГП Техника“, „ГП Ударник“, „Водостопанство Вардар“, ф-ка Карпош, „Асфалтна база Дарс“, „Речко“ и „ГП Гранит Лепенец“, Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците со броеви 81, 87 и 89 со споредните улички во село Волково, Општина Ѓорче Петров.

Во периодот од 12:30 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улицитге „Трнодол“, „Кнез Хацон“, „Кнез Трпимир“ и „Поп Богомил“, Општина Карпош.

Во периодот од 08:30 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од улиците 7 и 9 и местото Коштан во село Горно Соње, Општина Сопиште.

Во периодот од 08:45 до 11:30 часот без струја ќе останат корисниците од селата: Елово, Црн Врв, Малчиште, Осинчани, Држилово, Јаболци, Нова Брезница, Патишка Река, Маркова Сушица, Добри Дол, Ракотинци, Горно Соње, Долно Соње, Говрлево, Чифлик, Света Петка и објектите и фирмите: каменолом Техно Павер, каменлом Мис Вато, ХЦ Козјак, ловиште Јасен, ПЦЦ Хидро во село Патишка Река, каменолом Гама Градба, каменолом Беровиќ, Сковин и воениот објект во село Горно Соње, Општина Студеничани и Сопиште.