Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » УХМР: Не очекува потопло лето и надпросечни температури
Градови

УХМР: Не очекува потопло лето и надпросечни температури

јуни 4, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Летото 2021 се очекува дека ќе биде потопло, со поголема веројатност за позитивни отстапувања на температурата на воздухот од многугодишните просеци и врнежи во рамките на просекот.

За територијата на Република Северна Македонија постои голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности. Надминувањето на температурите е предвидено дека може да достигне и до 3°C во североисточниот регион (слика 1).

Најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот за оваа сезона се очекува да биде во јули.

Ова денеска го соопшти Управата за хидрометеоролошки работи повикувајќи се на прогностичките материјали што ги превзема од Европскиот Центар за Среднорочна Прогноза на Времето (ECMWF) во Рединг, Виртуелниот Центар за Климатски Промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), како и останатите светски прогностички центри.

Предвидувањата за климатските изгледи за лето 2021 се базираат на динамички модели, статистички модели и телеконекции на климатски карактеристики од поголеми размери. Моменталните анализи на движечките фактори (NAO, ENSO…) преточени преку голем број на глобални компјутерски модели за предвидувањa го покажуваат најверојатното климатско сценарио за ова лето, посочуваат од УХМР.

-Условите на Ла Ниња кои се повеќе слабеат последниве месеци, се очекува да преминат во неутрални за време на летната сезона.

Температурите на површината на морето имаат позитивни отстапувања над Атлантскиот Океан и јужно од Гренланд и негативни отстапувања над Северното море.

Ова ќе придонесе до зголемување на притисокот на воздухот над поголем дел од централна Европа, се наведува во прогнозата.

Според анализите за целиот југоисточен регион на Европа, се предвидува летни температури да достигнат надпросечни вредности. За територијата на Република Северна Македонија постои голема веројатност за надминување на температурите од многугодишните просечни вредности.

Надминувањето на температурите е предвидено дека може да достигне и до 3°C во североисточниот регион (слика 1). Најголемото позитивно отстапување на температурата на воздухот за оваа сезона се очекува да биде во јули.

Несигурноста кај регионалните предвидувања за врнежите е секогаш поголема во однос на температурата, посочуваат од УХМР и наведуваат дека исто така јасен сигнал нема ни за територијата на целиот југоисточен регион на Европа, а ни за Северна Македонија, каде моделите предвидуваат дека не се очекуваат големи отстапки од досегашните просечни вредности. Во планинските делови постои голема веројатност дека просечните врнежи ќе бидат надминати поради епизоди на засилена конвекција и појава на обилни врнежи.

Температурниот опсег на многугодишниот просек 1981-2010 за летната сезона во Република Северна Македонија е од 16.0°C во планинските предели до 25.3°C измерени во Гевгелија. Врнежите во овој период се во границите од 23.9mm измерени на метеоролошката станица во Штип до 96,7mm во Маврово.

Многугодишниот просек (1981-2010) на температурата на воздухот во Скопје за јуни, јули и август изнесува 21.9°C, 24.2° и 23.9° C, соодветно.

Многугодишната (1981-2010) просечна количина на врнежи во Скопје за јуни, јули и август изнесува 44.0mm, 37.6 mm и 34.4mm, соодветно, посочуваат од УХМР.

Сезонскиот изглед на времето е научен пристап кој овозможува информации за климатските карактеристики за неколку месеци или сезони однапред. Во престојната летна сезона секако постои веројатност да се јават периоди со исклучително топло и сушно време, како и веројатност за изразени негативни отстапувања од вообичаените средни вредности на температурата, но и влажни продори. За дополнителни и навремени информации потребно е редовно следење на подеталните краткорочни прогнози, кои редовно и вонредно ги издава Управата за хидрометеоролошки работи.

актуелно температури топло лето УХМР
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.