Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
  • Трамп очекува Рубио да остане државен секретар
  • Нови цени на бензинот и дизелот во Македонија од полноќ
  • СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?
  • ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Учениците изложени на сајбер булинг, да се зголеми свеста за превенција
Во Фокусот

Учениците изложени на сајбер булинг, да се зголеми свеста за превенција

септември 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Неопходно е сите да се вклучат во кревање на свеста за опасностите на кои се изложени и да се превенира сајбер булингот на кој во светски рамки биле подложени 43 проценти од децата, а е присутен и кај нас“, апелираа денеска министерот за
информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалникот на Карпош Стефан Богоев, кои со ученици од Основното училиште „Петар Поп Арсов“ слушаа предавања за сајбер безбедност.

„Кога зборуваме за сајбер безбедност обично луѓето сфаќаат дека е за безбедноста на компјутерските системи, но не е така. Сајбер безбедноста е многу повеќе и во денешното дигитално време особено децата кои се цело време на интернет се изложени на булинг и напади преку сајбер просторот. Податоците покажуваат дека во светски рамки 43 проценти од децата биле изложени на сајбер булинг и веројатно тоа се случува и со децата кај нас“, изјави министерот Манчевски.

МИОА, укажа, од пролетта почна пилот проект за превенција преку едукација и заедно со учениците, наставниците и родителите сакаме да ја кренеме свеста за се што може да се случи преку сајбер булинг.

„Насилството во сајбер просторот за жал е многу често и може многу  лесно да се пренесе во реалниот физичкиот простор и децата да бидат и физички загрозени“, рече Манчевски.

Предавачи на работилницата се експерти од областа од Министерството за внатрешни работи, а за состојбите со сајбер насилството можностите за заштита на приватноста на интернет говореше Матеј Плавевски, средношколец, кој има добиено меѓународна награда за развивање апликација за спречување и пријавување сајбер насилство.

Плавевски веќе работи на надградба на апликацијата.

„Целта е да им помогнеме на жртвите од сајбер насилство како полесно да добијат
помош. Иницијална верзија на апликацијата е објавена, но со фондот што го добивме од УНИЦЕФ сакаме да ја доразвиеме“, изјави Плавевски.

Општина Карпош, информираше градоначалникот Богоев, пред почетокот и во тек на учебната година презема активности за безбедноста на учениците од сите аспекети.

„Ангажиравме дежурни лица кои ќе го запираат сообраќајот кога учениците доаѓаат и си одат од училиште,  преземаме активности за безбедност во исхраната односно нејзин валитет, како и за сајбер безбедност. Во денешно време тоа се нови предизвици  бидејќи дигитализацијата и користењето на интернет и социјалните мрежи се корисни но истовремено носат опасности“, изјави Богоев.

Предавањето е трет ваков настан во рамки на пилот проектот и се планира активноста да се прошири и во останатите училишта Следната недела, најави манчевски, ќе стартуваат активности и за Европската недела на кодирање и ќе се зборува на овие теми и во основните и во средните училишта.

актуелно превенција сајбер булинг ученици
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Драстично намалување на цената на горивата

ноември 10, 2026

Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра

ноември 10, 2026

Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати

ноември 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.