Уште едно масовно убиство во Америка

LinkSense.mk

Повеќе луѓе се убиени во вооружен инцидент во продавница во Вирџинија, соопшти полицијата.

Пукањето се случило во градот Чесапик, а полицијата била повикана веднаш по 22 часот по локално време, изјави портпаролот Лео Косински.

„Полицијата на Чесапик потврди дека има ‘активен инцидент’ со пукање во стоковна куќа. Стрелецот починал“, соопштија градските власти.

Бројот на жртвите е нејасен, но локалниот медиум (WAVY) објави дека „не загинале повеќе од 10 лица“.

Сенаторката Луиз Лукас на Твитер напиша: „Апсолутно сум скршена што последното масовно пукање во Америка се случи вечерва во Валмарт, во мојот округ во Чесапик, Вирџинија.

Нема да застанам додека не најдеме решенија за ставање крај на оваа епидемија на оружено насилство во нашата земја која однесе толку многу животи.“

Полицијата набргу после итниот повик пристигнала на местото на настанот и пронашла неколку мртви и ранети

„Сметаме дека се работи за еден напаѓач и дека тој е меѓу загинатите“, изјавил полицискиот службеник од Чесапик, Лео Косински.

Првите информации велат дека менаџерот на филијалата на Валмарт пукал во луѓето, а потоа се самоубил.

Во пукањето се повредени неколку лица.

Косински истакнал дека полицијата верува оти пукањето се случило во продавницата, но едно лице било пронајдено мртво пред зградата.

Локалните власти во Чесапик, кој се наоѓа на околу 240 километри јужно од Вашингтон, објавија на Твитер дека имало „инцидент во Валмарт и има жртви“ и побараа од жителите да не се приближуваат до местото на настанот.

„Луѓето кои први дојдоа да реагираат се добро обучени и подготвени да одговорат; ве молиме дајте им простор да го сторат тоа“, напишаа од градот на Твитер.

Ова е второ масовно пукање во САД во рок од една недела. Пред неколку дена пет лица беа убиени во напад на ноќен клуб за хомосексуалци во Колорадо. Исто така, ова не е прво пукање во Волмарт, а во најсмртоносното што се случи во 2019 година во Ел Пасо, Тексас, беа убиени 23 луѓе.

 

 

 

 

 

 

(Фото: АП)