Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Уште четири дена до крајот на изборната кампања
Македонија

Уште четири дена до крајот на изборната кампања

јули 9, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Изборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е при крај.

Партиите пред граѓаните ветуваат правда која ќе функционира неселективно и транспарентно, подигната економија и развој за наредниот период, вклученост на младите во сите општествени процеси.

Апелираат граѓаните целосно да ги почитуваат протоколите за заштита и на 15 јули да излезат на гласање.

Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби со граѓаните, во помал формат согласно здравствените протоколи. СДСМ и Коалцијата „Можеме“ денеска се во Шуто Оризари и Демир Хисар.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за „Обнова на Македонија“ ќе бидат во посета на скопските општини Чаир, Аеродром и Гази Баба.

Карванот на Коалицијата „Никогаш северна, само Македонија“ ќе ги посети скопските општини Ѓорче Петров, Гази Баба, Бутел, Карпош и Центар.

Прес-конференции ќе имаат Демократскиот сојуз,„Твоја партија“…

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера од Прилеп порача дека сме призната држава во целиот свет, остварени се стратешките цели, државата и нејзините идентитет и јазик се признати во светот, економијата е подигната и во државата има пари за граѓаните.

„Имаме свој територијален суверенитет и интегритет. Денеска сме земја членка на НАТО на која и се гарантирани безбедноста и стабилноста. Во оваа наша Република Северна Македонија живеат Македонци и зборуваат на македонски јазик, официјален и признат од целиот свет. И соседите постојано споменуваат македонски народ и македонски јазик, а неодамна во Грција е преведен нашиот Блаже Конески. Денеска добивме сѐ за што се бореле нашите предци. Но, политичките опоненти продолжуваат со лажен патриотизам да негираат, па дури и Блаже Конески го нарекуваа „Џуџето од Небрегово“, рече Заев на трибината во Прилеп.

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Коалицијата „За обнова на Македонија“ вчера беа во Дојран, Богданци, Валандово и Гевгелија.

„Ова не се обични избори, туку избори на кои одлучуваме во каква Македонија сакаме да живееме. Ова се избори меѓу различни концепти, помеѓу стари потрошени политичари кои нема што да понудат и луѓе кои што со себе имаат визија, лично минато но и решение за сите предизвици кои ќе се испречат на патот до нашиот сон“, нагласи Мицкоски во Гевгелија.

Посочи дека заминува срамното и понижувачко време на корупција, криминал и понижување и дека доаѓаат најдобрите четири години за овој народ со кого повеќе никој нема да владее, најмалку политичките елити затоа што политичарите се тие кои треба да му служат на народот.

Претседателот на ДУИ Али Ахмети синоќа во Гостивар рече дека граѓаните ќе гласаат за ДУИ.

Порача дека се залага за ветинг за функционерите и во општестевниот живот.

Оцени дека како партија реализирале голем дел од програмата и додаде оти никогаш не се двоуми да даде отчет за постигнувањата.

Одоговарајќи на пораките на лидерот на СДСМ Зоран Заев дека за ДУИ е најдобро да оди во опозиција и оти нема да имаат премиер Ахмети  наведе дека за тоа одлучуваат само гласачите и оти Заев нема да биде премиер.

Преседателот на Алијансата за Албанците Зијадин Села, пак, пред граѓаните на Кичево соопшти дека граѓаните се определиле за политичка промена.

„Моја мотивација е да го задржиме Албанецот тука, Албанците ќе се
унапредуваат и нема да се избркаат. Педесетина луѓе треба да одговараат пред вас. Вие на 15 јули гласајте, ние ќе ги носиме промените“, порача Села.

актуелно изборна кампања
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.