Фаучи се сомнева во ефикасноста на вакцината на Модерна

Водечкиот имунолог во САД, Ентони Фаучи ја отфрли премлиминарната студија во која се наведува дека вакцината Модерна е поефикасна во спречување на делта сојот од вакцината на Фајзер.

Тој додаде дека студијата се уште не е рецензирана.

„Не се сомневам во тоа што истражувачите го виделе, но постојат многу збунувачки варијабили. Јасно е дека мораме да ги убедиме луѓето да добијат бустер доза вакцина што веќе ја примиле“, посочи Фаучи.

Студијата објавена на „ medRxiv.org“ и се уште не е рецензирана, изработена е на примерок од 25.000 жители на Минесота, во период од јануари до јули.

Вакцината на Фајзер е најпопуларна и е аплицирана 197 милиони пати од декември 2020 година, откако беше одобрена од американската администрација за храна и лекови, додека вакцината на Модерна е аплицирана 140 милиони пати, а на Џонсон и Џонсон – 13,7 милиони пати.