„Ферарито“ на Трамп продадено за 270.000 долари

Црвениот автомобил „ферари Ф430“, стар десет години, кој му припаѓаше на американскиот претседател Доналд Трамп, продаден е на аукција за 270.000 долари, соопшти аукциската куќа „Ауктионс Америка“, не наведувајќи го идентитетот на купувачот.

„Сличните верзии на моделите чии сопственици биле познати личности обично се продаваат по цена од 125.000 до 175.000 долари, во зависност од тоа колку километри поминале, во каква состојба се и каква им е оптичката опрема“, изјави портпаролката на таа куќа Ејми Кристи.

На аукцијата во саботата присуствуваа голем број љубители на автомобили и приврзаници на Трамп кои му се дивееја на моделот „Ф430 купе“ од 2007 во Форт Лаудердеј, педесетина километри северно од Мајами.

Трамп, инаку, своевремено си купи нов „ферари“ како личен автомобил, чиј сопственик беше нешто повеќе од четири години.

Со него помина 3.862 километри, додека останатите 9.656 километри ги помина другиот сопственик на „ферарито“, кој го откупи во 2011-та, чиј идентитет исто така не е објавен.