Фејсбук лансира нова секција на вести

Социјалната мрежа Фејсбук воведува секција на вести „Њуз Таб“ (News Тab) на својата мобилна апликација каде што ќе се прикажуваат наслови од ветси кои ќе ги избираат новинари, а издавачите ќе бидат платени за употребата на нивниот материјал.

Фејсбук долго време беше во спор со издавачите кои се жалеа дека оваа социјална мрежа има корист од споделувањето на нивните текстови, а дека тие за тоа не добиваат ништо.

Ова е потенцијално голем чекор за платформата која долго е обележана со потешкотиите да ги искорени дезинформациите и неподготвеноста да направи договор со издавачите, пренесе АП.

Во одделот за вести ќе бидат вклучени наслови од Вол Стрит Журнал, Вашингтон пост, Базфид љуз, Бизнис инсајдер, Ен-Би-Си (NBC), Ју-Ес-Еј Тудеј (USA Today) и Лос Анџелес тајмс и локални наслови од неколку најголеми американски градови.

Новата секција тргна од 25 октомври.

Преку Фејсбук ќе се гледаат само насловите. Кога ќе се притисне на насловот корисникот оди директно до веб сајтот или апликацијата на издавачот, ако е инсталирана. Тоа е помалку или повеќе она што издавачите со години го бараат од Фејсбук.

Фејсбук не открива кој и колку ќе биде платен, наведувајќи само дека ќе им плаќа на издавачите за пристап до содржината.