Филипини денес избираат претседател

LinkSense.mk

На Филипините денеска се одржуваат претседателски избори, а милиони луѓе чекаат во редици низ островот за да изберат нов шеф на државата.

Анкетите покажуваат дека најголеми шанси да стане нов претседател има Фердинанд „Бонгбонг“ Маркос Јуниор, синот на поранешниот претседател Фердинанд Маркос, кој беше соборен од власт пред 36 години, пренесува Би-би-си.

Според анкетите, после Маркос Јуниор следи потпретседателката Лени Робредо.

Многу Филипинци утрово чекаа во редици за да гласаат по отворањето на избирачките места.

Новиот претседател ќе ја преземе функцијата од Родриго Дутерте, кому му истекува шестгодишниот мандат и кој беше цел на критики за неговата бруталност во борбата против дрогата и криминалот.

Право на глас имаат над 67 милиони Филипинци. Тие денеска избираат и потпретседатели, сенатори, претставници во Конгресот и илјадници локални претставници.

 

 

 

 

 

(Фото: Танјуг/АП)