Филипинците на Божик бегаат од Нок-Тен

Илјадници Филипини бегаат денес од страв од силниот тајфун кој се приближи до архипелагот подложен на природни катастрофи.

Со воени камиони евакуирани се најпрво бебињата, децата и постарите луѓе, на еден од најголемите празници во оваа претежно христијанска земја.

„Им дадовме инструкции на луѓето да појадуваат, да се спакуваат и да се качат во воените камиони“, изјави претставник од Алкале, село од околу 3.300 жители во близина на активниот вулкан Мајон.

Официјални лица од Филипини велат дека би можеле да бидат евакуирани неколку стотици илјади луѓе.

tajfun-filipini-2

Тајфунот Нок-Тен, наречен по птицата пронајдена во Лаос, денес според прогнозите ќе го погоди полуостровот Бикол, заканувајќи се со големи бранови, свлечишта и поплави.

Центарот за предопредување од тајфуни предвидува ветрови кои ќе дуваат со брзина од 230 километри на час кога тајфунот ќе го погоди ова подрачје.

Тајфунот, на крајот, ќе ја зафати областа од речиси 42 милиони луѓе, вклучувајќи ја и престолнината Манила која, како што прогнозираат метеоролозите, ќе биде погодена во понеделник.

Околу 20 тајфуни и помали бури ја погодуваат оваа држава секоја година, при што обично страдаат стотици луѓе, а Бикол е често првата област на удар на природните непогоди.