Филипче: Граѓаните имаат достапни лекови во секое време

„Граѓаните во секое време ја подигнуваат својата терапија и повеќе не стравуваат дека можат да останат без потребниот лек“, истакна денеска министерот за здравство Венко Филипче по посетата на неколку аптеки во Гевгелија.

„Граѓаните се снабдени со лекови во кој било период од месецот“, потенцираше министерот Филипче.

Во август почна првата фаза од укинувањето на квотите за лекови на рецепт, а Гевгелија беше меѓу првите градови во кои се укинаа квотите.

На 1 октомври се укинаа квотите за лекови на рецепт во аптеките ширум целата држава.

„Оваа мерка е во интерес на сите пациенти и лекари“, информираат од Министерството за здравство.