Филипче до колегите: Целиот товар е на вашиот грб, ја заслужувате најголемата почит

Министерот за здравство Венко Филипче преку својот Фејсбук профил им се заблагодари на своите колеги.

„Колеги, Ви благодарам што не се откажувате! Ви благодарам што давате сè од себе за да го спасите, зачувате и подобрите здравјето на нашите пациенти. Целиот товар е на вашиот грб и ја заслужувате најголемата почит и благодарност за хуманоста, грижата и пожртвуваноста. Во оваа борба со ковид-19 вие сте нашите херои!“, напиша Филипче на ФБ.