Филипче: Состојба станува сериозна

На утринскиот состанок со членовите на Комисијата за заразни болести и претседателката на Националниот комитет за имунизација, проф. д-р Александра Грозданова, се разгледуваше епидемиолошката состојба која од ден во ден станува се
посериозна, објави денеска на својот фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.

Менаџирањето на ситуацијата, како што посочува, индицира сериозна потреба од одговорност од страна на граѓаните, особено од денеска кога во сила стапуваат новите мерки.

„Процесот на вакцинација се одвива непречено на сите пунктови низ државата и се надеваме дека овој тренд на зголемена заинтересираност и натаму ќе продолжи. Повикувам на максимално почитување на мерките, држење дистанца, редовно водење на лична хигиена и вклучување во процесот на имунизација. Вакцините штитат од тежок тек на болеста, од смртен исход и го отежнуваат неконтролираното ширење на вирусот“, напиша Филипче.