Филипче од Гевгелија: Зелената агенда е реалност која ја живееме

Вчера вечерта во гевгелиско Негорци, потпретседателот на СДСМ, Венко Филипче, оствари средба со жителите во рамки на кампањата Најдоброто за мојата општина.

Филипче во своето обраќање ги истакна политиките на Владата предводена од СДСМ кои се однесуваат на растот на економијата и унапредувањето на образовниот и здравствениот систем во земјава.

Бидејќи за претходниците не било ниту приоритет, ниту план да се направи нешто за народот, туку само за сопствените џебови, за нас е повеќе од предизвик мисијата да ги доведеме работите во еден поинаков тек. Трасиравме пат на промени и подобрувања и чекорењето не беше воопшто лесно. Се работеше секојдневно, макотрпно со ангажирање на сите човечки и финансиски ресурси кои ни беа на располагање – истакна потпретседателот Филипче.

На агендата на оваа Влада има многу зелени знаменца. Работиме за луѓето, преку природата. Од сонцето и ветрот создаваме струја. Зелената ера е започната, таа е реалност и мора да продожи, за поздрави и посилни генерации, за денес и утре. Еко земја за реалноста која ќе ја дишеме, пиеме, живееме. Последната рекордно највисока инвестиција од 500 милиони евра е потврда за тоа.

Здравствениот систем дочека коренити промени. Денес имаме нови, модернизирани болници кои нудат широк спектар на здравствени услуги. Го живееме времето без ограничување на квотите на лекови и медикаменти – порача Филипче.

Досега покажавме дека сме подготвени за револуционерни промени кои бараат храброст и одважност, но настрана сите, овие подвизи се револуцијата која ѝ ја должиме на земјава, заврши Филипче и пред присутните ја најави големата победа на Социјалдемократскиот Сојуз, на кандидатот за градоначалник на Гевгелија, Сашо Поцков.