Филипче: При секое излегување надвор строго да се придржуваме до мерките за лична заштита

Мерките за ограничување на движењето се олабавуваат и секој од нас ќе може да помине повеќе време надвор, а со тоа да се намалат гужвите во продавниците и банките.

Но, да не заборавиме дека мора да сме многу внимателни и да се заштитиме, порача во објава на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.

При секое излегување надвор, посочува министерот, строго да се придржуваме до мерките за лична заштита.