Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата
  • Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
  • ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија
  • СДСМ: „Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески
  • Почна расправата за Буџетот за 2027 година, во Собранието пристигнаа над 300 амандмани
  • Дефект остава неколку улици без вода – Исклучување во дел од Скопје
  • Расте цената на нафатата
  • УХМР предупредува: Издаден метеоаларм за денеска
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Филипче: Ризикот е огромен ако се отворат училиштата од септември
Македонија

Филипче: Ризикот е огромен ако се отворат училиштата од септември

август 12, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

-Изутрината имавме заеднички состанок на Комисијата за заразни болести со претставници на МОН, присуствуваше и министерот Арбер Адеми. Апсолутно Комисијата за заразни болести смета дека е огромен ризик по здравјето и на учениците, нивните родителите и на вработените во училиштата доколку училиштата целосно се отворат и да функционираат од почетокот на септември, изјави попладнево министерот за здравство Венко Филипче.

Тој во изјава за ТВ Сител посочи дека има многу примери од различни земји во светот, кога по отворањето на училиштата заради очигледно неминовното зголемување на бројот на заразени, училиштата повторно беа затворени.

– Очигледно дека такво сценарио е можно и кај нас доколку целосно училиштата се отворат. Свесни сме дека ова е еден голем предизвик, дека нема идеално решение. Ја следиме дебатата во јавноста. Секоја од групите има некои свои аргументи, меѓутоа ние како Министерство за здравство апсолутно ставаме приоритет на заштита на здравјето на граѓаните, вклучително и на децата кои треба да тргнат на училиште, рече Филипче.

Тој вели дека имаат нивни сознанија, согледувања, анализи кои ги правеле, а од страна на МОН ги доставиле протоколите врз основа на кои би требало училиштата да функционираат.  Посочи дека има многу протоколи, но тие, како што рече, не се почитуваат и едноставно таму каде не се почитуваат протоколите може да биде потенцијален извор на зараза.

Се осврна на целокупниот образовен процес, како функионирањето во училиштата, заеднички простории, заеднички тоалети, одморите како интеракцијата меѓу децата, иако би биле во помал број, според Филипче, е своевиден ризик на трансмисија на вирусот. Најави дека утре ќе имаат завршен состанок, по што би требало да биде закажана седница на Влада и да се донесе дефинитивна одлука.

Филипче смета дека добро се менаџира здравствениот систем, во смисла на слободни болнички кревети. Информира дека континуирано и постепено се намалува бројот на пациенти, а опаѓа и бројот на хоспитализирани пациенти. Има предвидени капацитети во болницата во Козле и сега, иако таму се лечат и возрасни заболени од Ковидд-19, и по потреба на Педијатриската клиника некои одредени делови би биле наменети за тоа, иако, како што рече, би сакал да нема потреба од тоа. Додаде дека не само децата се во ризик, туку и нивните родители, некои од нив се и со хронични болести, и затоа нивните насоки се сепак да се стави акцент на онлајн настава.

– Сега навистина имаме една тешка одлука која треба да ја донесеме. Нема идеално решение. Мора да се заштити јавното здравје, а во исто време мора да се обезбеди и функционален едукативен процес многу битен за развојот на детето, потенцира Филипче.

За есенскиот период, вели дека ниту една земја во светот не знае како ќе биде. Посочи дека епидемијата нема да трае вечно и апелираше сите да бидат трпеливи.

Прашан за градинките, Филипче рече дека засега нема одлука за нивно отворање. Информира дека денеска имале заеднички состанок со претставници од МТСП, протоколите за работа на градинките се изготвени уште пред неколку месеци, а сега се ажурира бројот на новозапишани деца или на оние што сега треба да тргнат во училиште и врз основа на таа анализа ќе се направи соодветна одлука.

За руската вакцина против Ковид-19, Филипче рече дека се уште немаат доволно податоци за неа и се уште е рано за да заземат став.

актуелно отварање ризик септември училишта филипче
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата

ноември 13, 2026

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир

ноември 13, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ и немало основ да се спречи влегувањето во Македонија

ноември 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.